• понеделник, 28 октомври 2024

Мултимедијална изложба „Вечното танго“ во галеријата „КО-РА“

Мултимедијална изложба „Вечното танго“ во галеријата „КО-РА“

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Во галеријата  „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традицоналната мултимедијална изложба „Вечното танго“ на која ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, инсталации инспирирани од златниот период на тангото и музиката на композиторот Астор Пјацола.

И оваа година по отворањето на изложбата, која е посветена на љубовта, виното, музиката и уметноста, ќе има танц-перформанс со членовите на Студиото за танц „Фамилија Тангови“.

-Изложбата обединува многубројни уметници од повеќе сфери на уметноста од земјата и од странство, кои творат инспирирани непосредно од музиката на Пјацола и славните танга. Во изминатите години овие проекти здружуваа многубројни уметници, сликари, скулптори, графичари, поети, музичари, танчари, дизајнери, фотографи, соопшти  организаторот на изложбата. хс/аа/

Фото: Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје

Остани поврзан