• четврток, 25 јули 2024

Музички настан „Гази Баба на точак"

Музички настан „Гази Баба на точак

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - На плоштадот во Автокоманда вечер во 19:30 часот ќе се оддржи музички настан „Гази Баба на точак".

-За сите деца организираме лотарија со многу подароци, а како главна награда за најсреќното дете ќе доделиме велосипед, информираат од Општина Гази Баба.

Оттаму ги повикуваат граѓаните со своите велосипеди да дојдат на плоштадот во Автокоманда, каде во рамки на манифестацијата е подготвена и музичка програма.

На настанот ќе бидат доделени и решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди кои ги доделува општина Гази Баба. сст/дма/

фото Општина Гази Баба



 

Остани поврзан