• сабота, 23 ноември 2024

Музичка младина на Македонија трета година по ред го организира кампот за млади музичари „Етно Македонија“

Музичка младина на Македонија трета година по ред го организира кампот за млади музичари „Етно Македонија“

Кавадарци, 29 август 2023 (МИА) - Музичка младина на Македонија трета година по ред го организира кампот за млади музичари „Етно Македонија“.

Организаторот денеска информираше дека од први до деветти септември во одморалиштето „Михајлово“ ќе се одржи кампот „Етно Македонија“, на кој годинава ќе учествуваат музичари од земјава, од Босна и Херцеговина, Италија, Франција, Шпанија, Шведска, Чиле и Австралија.

- „Етно“ е програма на JM International (Меѓународна музичка младина) и постои во над 40 земји ширум светот. За време на еден етно камп, учесниците преку работилници ја презентираат својата традиционална музика, но ја учат и музиката на останатите учесници. Музиката се учи исклучиво по слух, соопшти организаторот на настанот. 

Ментори на овогодинешниот камп се Ангел Спироски – композитор и диригент од Македонија и Џина Перкиќ – виолина од Босна и Херцеговина. 

На осми септември, како дел од програмата на „Тиквешки Гроздобер“, учесниците ќе одржат концерт со интернационална програма. 

Со кампот и концертот продолжува одбележувањето на 60 - годишниот јубилеј на МММ. свд/мд/

Фото : Музичка младина на Македонија

Остани поврзан