• недела, 24 ноември 2024

Мугоша: Епидемиолошкиот ризик се зголемува при верски обреди

Мугоша: Епидемиолошкиот ризик се зголемува при верски обреди
Подгорица, 14 април 2020 (МИА) - Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора им порача на граѓаните Велигден да го поминат во своите домови во кругот на семејството. Директорот на Институтот, Бобан Мугоша истакна дека свештенството може да изврши верски обред, но со почитување на правилата. Тој потенцира дека епидемиолошкиот ризик се зголемува при верски обреди, како и при секое друго собирање на повеќе луѓе. - Кога се во прашање верски обреди, ризикот значително е поголем, бидејќи се собираат луѓе кои меѓусебно не се познаваат. Повторуваме дека не смееме да дозволиме какво било кршење на наредбите, и тоа е над се, посочи Мугоша. Во Црна Гора досега се регистирани 283 лица инфицирани со Ковид-19, од кои четворица починаа. ми/

Остани поврзан