• среда, 25 декември 2024

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации, нека поднесе обвинителен акт

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации, нека поднесе обвинителен акт
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да ѝ пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитирајќи ја во целост функцијата која ја извршува. Во пишана реакција до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми посочува дека негонење криминал поради притисоци претставува кривично дело. - Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за „помош“- нека го потврдат и тие она што јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорот над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми. Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од сè е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. - Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамките на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми. аа/са/

Остани поврзан