• понеделник, 23 декември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период
Скопје, 19 мај 2021 (МИА) - Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период. Од МТСП појаснуваат дека исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули  во тековната календарска година. Исплатата на додатокот за образование изнесува  по 2.100 денари во четири еднакви износи,​ на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од по 3.000 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование. Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебна година по дете изнесува 8.400 денари, а за средно образование во учебна година по дете изнесува 12.000 дeнари. сст/лв/

Остани поврзан