• среда, 27 ноември 2024

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и 55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​

МТСП: Вакцинирани 155 лица со попреченост и 55 вработени од Специјалниот завод Демир Капија​
Скопје, 10 јули 2021 (МИА) - Во Специјалниот завод Демир Капија денеска беше извршена теренска вакцинација против Ковид-19 на корисници – лица со интелектуална попреченост сместени во заводот и вработените, при што прва доза добија 155 корисници, од вкупно 171 корисник  кои долгорочно престојуваат во установата и 55 вработени, информираат од Миниистерството за труд и социјална политика. Вакцинацијата ја изврши екипа на Здравствен дом Неготино. -По препорака од одговорниот лекар од тимот за вакцинација, преостанатите корисници ќе бидат дополнително вакцинирани штом нивната здравствена состојба го дозволи тоа. Вработените од заводот и центрите за социјална работа ги обезбедија потребните согласности за вакцинација од родителите или старателите на корисниците. Дополнително, 55 вработени кои обезбедуваат директна грижа и поддршка за корисниците, исто така, примија прва вакцина против Ковид-19. Во текот на април, како дел од критичната инфраструктура, повеќе од половина вработени во заводот веќе беа заштитени од ковид-19 со две дози вакцина, се вели во сопштението од МТСП. Од МТСП, информираат дека во континуитет и во соработка со надлежните здравствени институции ги преземаат сите мерки за заштита од појава и ширење на Ковид-19 во групните домови и во социјалните установи за долгорочно сместување, како и дека на самиот почеток на пандемијата биле развиени посебни протоколи за групните домови и социјалните установи и обезбедени дезинфекциски средства и лична заштитна опрема за вработените и корисниците. -Навремените и соодветни мерки спречија масовно ширење на ковид-19 и фатални последици кај сместените корисници и вработените во социјалните установи и групните домови во земјава, се вели во соопштението од МТСП. Владата, посочуваат од МТСП, во јануари 2021 година додели финансиска награда на вработените во Специјалниот завод Демир Капија, за нивната професионалност и пожртвуваност во грижата за дел од корисниците кои заболеа од Ковид-19, како и за спречувањето на ширењето помеѓу останатите корисници. Од МТСП ги повикуваат сите вработени и корисници на системот за социјална заштита кои досега не се вакцинирале да ги искористат достапните можности за вакцинирање против Ковид-19 и да го заштитат своето и здравјето на своите блиски. аа/лв/

Остани поврзан