• сабота, 23 ноември 2024

МТЕЛ генерален спонзор на Првата машка кошаркарска лига

МТЕЛ генерален спонзор на Првата машка кошаркарска лига


Скопје, 25 септември 2024 (МИА) – Третиот телекомуникациски оператор на територијата на Македонија, МТЕЛ, од денеска и официјално станува генерален спонзор на Првата машка лига во кошарка, соопшти денеска македонската кошаркарска федерација (КФСМ).
Двете страни, како што се наведува, склучија договор за спонзорство за претстојната натпреварувачка сезона 2024/2025 „со обостран интерес за вложување во развој и поддршка на националниот спорт, а со цел постигнување врвни резултати“.
„Среќни сме што добиваме поддршка од партнер кој ги познава вистинските вредности и безрезервно ги поддржува. Пред нас ќе има уште една исклучително интересна сезона, а верувам дека поддршката од МТЕЛ ќе им даде дополнителен ветер во грб на клубовите да дадат сè од себе во новата сезона и со што подобри услови да придонесат за повозбудливи натпревари“, изјави претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.
Нпвата сезона во МТЕЛ Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција ќе стартува на 5 октомври. ег

ФОТО: КФСМ

 

Остани поврзан