• среда, 25 декември 2024

Мртовечки ковчег којшто на еколошки начин ги разградува останките на покојниот

Мртовечки ковчег којшто на еколошки начин ги разградува останките на покојниот
Дефт, 17 септември 2020 (МИА) - И кога ќе почине, се чини, човекот може да придонесе за еколошки поздрава животна околина... Еден пронаоѓач-иноватор од Холандија осмисли екоковчег којшто во себе содржи габи кои на еколошки начин ги разградуваат и сандакот и останките на покојниот и така се постигнува збогатување на почвата. Екоковчегот е полесен од дрвените ковчези и побрзо се разградува. Еден таков екосандак чини 1.500 евра. Боб Хендрикс работи на оваа своја идеја неколку години, уште кога бил студент на Технолошкиот универзитет во Дефт. Според него, процесот на разложување трае 2-3 години, и нема несакани ефекти на загадување. си/

Остани поврзан