• среда, 25 декември 2024

Мојс се надева дека Леверкузен претерале со пивото

Мојс се надева дека Леверкузен претерале со пивото

Лондон, 17 април 2024 (МИА) - Менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс, се пошегува дека се надева дека во Баер Леверкузен испиле премногу пиво за да го прослават освојувањето на германската титула. Утре „чеканите“ се соочуваат со Баер Леверкузен во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа.

„Аспирините“ имаат два гола предност откако првиот меч го добија со 2:0. Тие се уште се непоразени од почетокот на сезоната.

-Фантастично е што станаа шампиони и заслужуваат да слават. Да се ​​надеваме дека испиле повеќе од тие големи германски пива, сподели Мојс.

Шкотскиот тренер истакна дека е воодушевен што Џаред Бовен и Калвин Филипс продолжиле со тренинзите денес. Сепак, тој не потврди дека ќе играат утре.

-Минатата недела беше голем натпревар против Леверкузен, а сега ни претстои уште еден. Кога ќе стигнете до четвртфиналето и полуфиналето, тоа е возбудливо. Во европските натпревари резервите често ја прават разликата, додаде Шкотланѓанецот. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан