• сабота, 27 јули 2024

Мојс постави негативен рекорд во Премиер лигата

Мојс постави негативен рекорд во Премиер лигата

Лондон, 5 февруари 2024 (МИА) – Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс постави премиерлигашки негативен рекорд по бројот на порази. 

Како предводник на тим во најсилната фудбалска лига на Англија, Мојс загуби 239 првенствени натпревари

Вчера Вест Хем предводен од Мојс е поразен од Манчестер Јунајтед (0:3) во натпреварот од 23. коло. Ова беше 239-ти изгубен натпревар во Премиер лигата во тренерската кариера на Мојс. Ниту еден друг менаџер во историјата на лигата не претрпел повеќе порази.

Покрај тоа, Мојс никогаш не го победи Манчестер јунајтед на гости како тренер - на 17 натпревари на гости против Манчестер јунајтед, тимовите под негово водство претрпеа 13 порази и четири пати ремизираа. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан