МОФ ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци
- Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ.
Скопје, 17 јануари 2025 (МИА) - Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ.
-Во 2026 година, Младинскиот образовен форум, повторно ќе ги отвори вратите за тимови од цела Европа, нудејќи им ја уникатната прилика да го искусат македонското гостопримство и енергијата на Скопје. Подготовките за овој голем настан веќе се во тек, а нашата цел е да организираме првенство кое ќе постави нови стандарди, ќе се памети долго и ќе придонесе кон уште поголемо меѓународно етаблирање на нашата дебатна заедница, велат од МОФ
Дополнително, додаваат, целта им е да ги инспирираат младите дебатери и да ја промовираме дебатата како алатка за критичко размислување, аргументирано изразување и градење позитивни промени во општеството. сст/дма/
фото МИА архива