• среда, 24 јули 2024

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Германија

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Германија

 

Сахсеринг, 7 јули 2024 (МИА) – Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи на денешната возбудлива трка од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Германија и го презеде водството во генералниот пласман.

Актуелниот шампион победи откако на два круга до крајот на трката дотогаш водечкиот Хорхе Мартин од Прамак Дукати ја загуби контролата во првиот свиок и излета од патеката.

Бањаја ја забележа четвртата последователна победа, вкупно шеста сезонава и го презеде првото место во генералниот пласман од Мартин, со 222 бодови, десет повеќе од неговиот голем ривал.

Второто место на денешната трка во Сахсеринг го зазеде Марк Маркез од Дукати Гресини со 3.804 секунди заостанување, а трет беше неговиот помлад брат Алекс Маркез од истиот тим.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е на програмата на 4 август за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан