Мостот Вестминстер во Лондон затворен од безбедносни причини
- Лондонската полиција денеска блокираше дел од градот околу болницата „Сент Томас“ и го затвори мостот Вестминстер поради безбедносна закана, јавуваат британските медиуми.

Лондон, 13 октомври 2020 (МИА) - Лондонската полиција денеска блокираше дел од градот околу болницата „Сент Томас“ и го затвори мостот Вестминстер поради безбедносна закана, јавуваат британските медиуми.
Полицијата на Твитер соопшти дека вооружени полицајци влегле во болницата „Сент Томас“, дека никој не смее да влегува или излегува, а „Гардијан“ пишува дека имало безбедносен инцидент во болницата.
Мостот Вестминстер, кој води кон Парламентот, е затворен за сообраќај.
Од полицијата додаваат дека ќе се обратат до јавноста кога ќе имаат повеќе информации, додека од болницата се уште не се огласија. паг/