Москва: Четворица пациенти излекувани од коронавирусот
- Уште четворица пациенти со потврдена коронавирусна инфекција се испишани од Инфективната болница во Москва, соопштија руските здравствени власти.

Москва, 19 март 2020 (МИА) - Уште четворица пациенти со потврдена коронавирусна инфекција се испишани од Инфективната болница во Москва, соопштија руските здравствени власти.
При повторно извршени тестирања е потврдено дека кај нив нема присуство на вирусот. Пациентите се здрави и кај нив не се забележани симптоми на болеста.
Вкупниот број на целосно излекувани од Ковид-19 во Москва е пет лица. гт/