• среда, 25 декември 2024

Морисон: Австралија наскоро може целосно да ги отвори своите граници

Морисон: Австралија наскоро може целосно да ги отвори своите граници
Канбера, 6 февруари 2022 (МИА) - Австралискиот премиер Скот Морисон изјави денеска дека отворањето на границите на земјата за странски туристи не е далеку и дека Парламентот ќе расправа за ова прашање следната недела. Државата ги затвори границите за оние кои пристигнуваат од странство во март 2020 година. Во последниве месеци делумно ги отвори за своите граѓани и постојани жители, квалификуваните мигранти, странските студенти и некои сезонски работници. Во јануари оваа година Морисон изрази надеж дека границите може целосно да бидат отворени до Велигден. паг/

Остани поврзан