• среда, 25 декември 2024

Морачанин: Да се фокусираме на реформите и на прашањето за Преамбулата на Уставот

Морачанин: Да се фокусираме на реформите и на прашањето за Преамбулата на Уставот
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Претседателската на ДОМ Маја Морачанин пред лидерската средба во Собранието изјави дека очекува конструктивна дискусија и одговорност од сите партии што ќе бидат претставени на средбата. Сите, како што кажа, треба да бидеме фокусирани само на прашањето што се однесува на преамбулата на Уставот и спроведувањето на реформите за влез во ЕУ. -Не очекувам дека денеска ќе се постигне договор имајќи ги предвид нели најавите, изјавите од опозицијата дека се уште се против, бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но е добро да разговараме заеднички, бидејќи тоа е најдобриот начин за стратешки прашања кои се стратешка важност и за државата и за граѓаните, рече Морачанин. За тоа дали власта е подготвена да даде гаранции, таа вели дека не би можела да коментира бидејќи незнае кои се гаранциите што опозицијата ги бара. -Очекувам денеска на средбата да ги искажат тие гаранции кои тие ги бараат па потоа би можеле да дискутираме дали  е тоа нешто што власта може да го обезбеди, пратениците или од ЕУ, не знам за каков тип на гаранции се работи, рече Морачанин. За тоа дали биде согласиле на предвремени избори за поддршка на уставните измени, претседателката на ДОМ вели дека тие условувања никому не носат добро, бидејќи темата за денешната средба европските интеграции на Македонија и да се обезбеди консензус по тоа прашање, и оти темата не се предвремени избори. -Наназад со месеци, јас би рекла со години бидејќи ова барање на опозицијата за предвремени избори практично датира уште веднаш по Парламентарните избори 2020, но дефинтиивно тоа е и став на ДОМ и ние во повеќе наврати сме го истакнале, дека она што треба да ни биде фокус, тоа е пребродување на оваа енергетска - економска криза, на оваа најтешка зима која ни претстои пред нас, рече Морачанин. Заложба на ДОМ, вели таа, е овие реформи коишто се неопходни за државата поефикасно, поинтензивно да се спроведуваат бидејќи на крајот и целта на евроинтеграцијата не е евроинтеграција сама по себе, туку тоа е процес којшто треба да овозможи една демократизација на општеството и прогрес на општеството. -Јас ќе го покренам како тема, тоа треба исто така да биде прашање на општ консензус меѓу политичките партии и навистина сите се заложиме и да бидеме ефикасни, конструктивни во спроведувањето на неопходните реформи, бидејќи тие се интересот на граѓаните, рече Морачанин. Во однос на барањата на албанските партии, нејзин став е дека сите треба да бидеме фокусирани само на прашањето што се однесува на внесување на овие народи во преамбулата во Уставот. -Ако сите политички партии, а се декларарираат сите дека се за европска интеграција, и ние знаеме дека овие уставни измени конкретно се однесуваат на внесување на Бугарите, Хрватите, и Црногорците во Уставот, со цел нели да се продолжи евроинтеграцискиот пат, односно да започнеме отворање на поглавја, тогаш мислам дека навистина треба да бидеме фокусирани само на тој дел. Доколку се отворат различни теми, без разлика дали е за 20 проценти, некој спомнуваше укинување на Бадентер, па други натаму барања, да не ги редам од сите различни политички партии, мислам дека тоа дефинитивно нема да не води кон консензус и кон успешно завршување на евроитнеграциискиот процес, рече Морачанин. мс/ев/

Остани поврзан