МОН: Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура
- Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука.

Скопје, 31 мај 2024 (МИА) - Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука.
Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар.
-Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори, наведува МОН.
Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет. хс/лв/
Фото: МОН