• вторник, 24 декември 2024

МОН и Општина Струга потпишаа договор за изградба на спортска сала во Делогожда

МОН и Општина Струга потпишаа договор за изградба на спортска сала во Делогожда
Скопје, 27 јануари 2022 (МИА) - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко потпишаа договор за изградба на спортска сала во струшкото село Делогожда. Како што информираат од МОН, со овој договор Министерството ќе инвестира во објект за настава по физичко образование, со вкупна површина од 650 квадратни метри во Општина Струга. Шаќири на потпишувањето на договорот истакна дека во растењето на здрави генерации, еден од пресудните фактори е квалитетното физичкото образование, поттенцирајќи дека токму тоа ќе ги поттикне учениците да спортуваат и да постигнуваат повисоки резултати. - Затоа, Владата и МОН со вложувања и изградба на нови објекти создава подобри услови каде децата ќе можат да ги реализираат часовите и други спортски активности. Спортската сала во Делогожда ќе биде наменета за различни видови спортови, како ракомет, кошарка, одбојка, мал фудбал и гимнастика, се наведува во соопштението. Градоначалникот Мерко и министерот Шаќири, имаа и работен состанок на кој разговарале за повеќе важни прашања поврзани со образованието. свс/сп/

Остани поврзан