• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Монтела ќе потпише нов договор со Турција

Монтела ќе потпише нов договор со Турција

Истанбул, 28 јуни 2025 (МИА) - Италијанскиот селектор Винченцо Монтела официјално се согласи да го продолжи договорот како селектор на турската репрезентација до јуни 2028 година. Веста беше потврдена во соопштение од Турската фудбалска федерација.

Церемонијата на потпишување на новиот договор ќе се одржи во понеделник, 30 јуни, во тренинг-базата на репрезентацијата „Хасан Доган“, во присуство на претседателот на федерацијата Ибрахим Етем Хачиосманоглу.

Тоа е глас на доверба кон 51-годишниот италијански селектор, кој ја презеде функцијата во септември 2023 година. Неговата статистика на чело на Турција е 12 победи, 4 нерешени и 7 порази. Монтела го квалификуваше тимот за ЕП 2024, се пласираа во четвртфиналето, каде што беа елиминирани од Холандија. Турција, исто така, го освои плејофот за Лигата на нации против Унгарија во март 2025 година.

Монтела ја презеде функцијата откако претходно работеше со турскиот клуб Адана Демирспор. Во својата тренерска кариера, тој ги тренираше и Фиорентина, Севиља, Милан, Сампдорија, Катанија и Рома. Имаше информации дека би можел да се врати во Серија „А“ или дури да ја преземе италијанската репрезентација по отпуштањето на Лучано Спалети, но оваа функција му беше доверена на Џенаро Гатузо. дс

Фото: Архива

Остани поврзан