Монако ја има најдобрата актуелна серија во Топ 5 европските лиги
- Екипата на Монако синоќа го совлада Лил на гостински терен со 2:1 во 36. коло од Францускиот фудбалски шампионат. „Монегаски“ ја забележаа осмата победа во низа во Лига 1. Ова е најдобрата ак

Монако, 7 мај 2022 (МИА) – Екипата на Монако синоќа го совлада Лил на гостински терен со 2:1 во 36. коло од Францускиот фудбалски шампионат. „Монегаски“ ја забележаа осмата победа во низа во Лига 1. Ова е најдобрата актуелна победничка серија во топ 5 лигите во Европа (Франција, Шпанија, Италија, Германија и Англија).
Монако последен пат имаше слична серија во Лига 1 од февруари до август 2017 година - 16 победи во низа.
По 36 одиграни натпревари во тековната сезона, Монако е на 2. место во домашното првенство. зс/