• недела, 20 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Монако го победи Олимпијакос и се пласираше во финалето на Евролигата

Монако го победи Олимпијакос и се пласираше во финалето на Евролигата

Абу Даби, 23 мај 2025 (МИА) - Монако вечерва го победи Олимпијакос со 78:68 во полуфиналето од плејофот на Евролигата. Натпреварот се одржа во Абу Даби (ОАЕ).

Најдобар стрелец кај победниците беше Алфа Дијало со 22 поени, додека Мајк Џејмс имаше 17 поени, 7 скока и 7 асистенции. 

Најдобар стрелец на грчкиот клуб беше Еван Фурние, со 31 кош.

Монако во финалето ќе игра против Фенербахче. Олимпијакос ќе се соочи со Панатинаикос во натпреварот за третото место. И двата натпревари ќе се играат на 25 мај. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан