Монако го назначи Ади Хутер за главен тренер
- Австрискиот фудбалски стручњак Ади Хутер е нов тренер на Монако. Договорот со Хатер е со важност до 30 јуни 2025 година.

Монако, 4 јули 2023 (МИА) - Австрискиот фудбалски стручњак Ади Хутер е нов тренер на Монако. Договорот со Хатер е со важност до 30 јуни 2025 година.
Педесет и тригодишниот Австриец беше на чело на Борусија Менхенгладбах во сезоната 2021/22. Претходно работеше и во Ајнтрахт, Јанг Бојс и Салцбург.
На крајот од сезоната 2022/23, Монако заврши на 6. место во француското првенство со 65 бодови.
Во новата сезона Монако нема да игра во европскоите купови. зс/
Фото: ЕПА