• четврток, 26 декември 2024

Момче од Англија на 11 години има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн

Момче од Англија на 11 години има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн

Лидс, 15 ноември 2022 (МИА) - Јусуф Шах, момче кое живее во Лидс, Велика Британија, според тестот за интелигенција на Менса, е „попаметен“ и од Ајнштајн и од Стивен Хокинг.

- Сите на училиште мислат дека сум многу паметен и отсекогаш сум сакал да знам дали сум во првите два отсто меѓу луѓето кои го полагаат тестот Менса, изјави момчето за „Јоркшир ивнинг пост“. Имено, 11-годишниот Шах на тестот освоил 162 поени - неговиот коефициент на интелигенција. Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг, за споредба, имале коефициент на интелигенција од околу 160. Инаку, шестоодделенецот сака да учи математика на Оксфорд или Кембриџ. Неговиот татко вели дека тој едноставно има природно чувство за математика. - Дури и неговите учителки секогаш кога ќе ги добиеме извештаите од училиштето велат: „Нема што да го учиме, тој веќе знае сè“!, нагласува таткото на малиот генијалец.  си/

Остани поврзан