• среда, 27 ноември 2024

Можност македонските компании да си ги осигураат побарувањата

Можност македонските компании да си ги осигураат побарувањата

Скопје, 21 март 2024 (МИА) – Осигурувањето на побарувањата од групацијата Кофас е применливо за компаниите од сите големини, почнувајќи од компаниите кои имаат повеќе од 500 илјади евра годишен промет. Имаме различни производи за малите и големите компании, порача Сергеј Симонити, регионален директор на Кофас Адриатик.

Токму Кофас Адриатик, како што кажа, е задолжена за целиот Адриатик регион за нудење на алатките на француската компанија Кофас, која има повеќе од 75-годишно искуство во делот на ризиците од неплаќање на побарувачката и како да се заштитат нејзините клиенти од неплаќање.

-Веруваме дека се перспективни македонското стопанство и економија и дека ќе растат и со нашите производи сакаме да помогнеме и на македонскиот пазар. Тоа ни е главната цел. Македонија е доста добро оценета, ако се има во предвид дека е надвор од ЕУ и дека е дел од Јужниот Балкан и е некаде во понискиот дел на нивото „А“ што е прифатливо  за нормалана стопанска размена. Најголемиот ризик во Македонија е во делот на концентрација на извозот од македонското стопанство кон германскиот пазар каде се реализира повеќе од 40 отсто од македонскиот извоз. Тоа значи дека доколку нешто се случи во Германија тогаш Македонија тоа ќе го почувствува, изјави Симонити по завршувањето на првата Кофас Country Risk конференција во земјава, организирана од светски познатата компанија за управување со кредитни ризици Кофас во соработка со Сава осигурување, Интеркредит и хрватското адвокатско друштво Праљак & Свиќ.

 Тој посочи дека форматот на Country Risk конференција е формат која групацијата Кофас ја има во целиот свет.

-Мило ми е што Македонија е првата земја на Западен Балкан и во Адриатик регионот каде правиме Country Risk конференција. Ние правиме проценка на целат земја особено во делот на дисциплината на плаќање, но ги гледаме и политичките и глобалните ризици и изложеноста што ја има земјата кон своите трговски партнери, како и состојбата во регионот. Едноставно сакаме да имаме целосна слика за ризиците кои може да ги има на некој пазар, во овој случај во Македонија, посочи Симонити.

Директорот на Интеркредит, локалниот партнер на Кофас во земјава, Горан Николоски рече дека со алатите на Кофас што ги нудат на македонските компании им се дава детална анализа на компаниите за да можат да се заштитат од потенцијални ризици и потенцијални неплаќачи секаде низ светот.

-Кофас има дата база од 200 милиони компании и има 24-часовен мониторинг на секој потенцијален ризик за било која компанија и било кое отпочнување на деловна соработка со компаниите. Практично покрај бизнис извештаите можеме да понудиме и алатки за да се заштитат од неплаќања од потенцијални клиенти, рече Николоски.

Во структурата на Кофас, како што кажа, има систем со кој може да се предупредат компаниите доколку некоја трета или четврта компанија не плаќа на нивниот партнер за да може однапред да се заштитат и да го намалат изложувањето на плаќањето. Нудат, како што кажа, и помош при наплата на побарувања од странство.

-На компаниите во Македонија може да им понудиме и заштитен знак – печат кој се става на  фактурите за да се препознае брендот на Кофас. Кај нас компаниите го прават само она што се мора и не ги осигуруваат парите. Алатките кои ги нуди Кофас нудат превентива компаниите да се заштитат пред да ги уплатат парите на друга компанија за некоја услуга. Мислам дека ќе бидеме поттик компаниите да си ги осигураат побарувањата претежно на македонскиот пазар, но и надвор со што ќе станат поконкурентни, рече Николоски.

Како најголеми ризици за македонските компании кои работат во странство ги истакна недоволното познавање на пазарот, на политичката ситуација во земјата и на правото, како и на начините  и менталитетот во работата. Лидер во регионот во делот на осигурувањето на побарувањата е Словенија по што следат Хрватска, Србија по што доаѓа земјава. Доколку влезат во циклусот на неплаќања македонските компании можат да наплатат дел од парите во период од 30 до 60 дена. Со полисата на осигурување од Кофас, пак, како што рече  Николоски, може да се креира полиса за побарување и доколку некој ти касни само еден ден со плаќањето.

На првата Кофас Country Risk конференција во земјава претставници на оваа меѓународна компанија за управување со кредитни ризици и гости од други домашни и странски институции, говореа за ризиците од неплаќање на побарувањата и како да се заштитиме од неплаќање.вј/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан