• сабота, 07 март 2026

Можна суспензија за Лука Дончиќ поради бројот на технички грешки

Можна суспензија за Лука Дончиќ поради бројот на технички грешки

Лос Анџелес, 6. март 2026 (МИА) – Денвер постигна победа од 120:113 против Лос Анџелес Лејкерс, а посебен белег на дуелот беше дуелот меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Јокиќ имаше „трипл-дабл“ 28 поени, 12 скока и 13 асистенции, додека Дончиќ оствари „дабл-дабл“ 27 поени, 11 скокови и 13 асистенции.

Но, покрај името на Дончиќ остана забележана и една техничка грешка, која судиите му ја досудија во првото полувреме. Тој бараше објаснување од судиите, но тие не ја сменија својата одлука. Ова за Дончиќ е 15-та техничка грешка во сезоната.

Според НБА правилата следната (16. та техничка грешка) автоматски значи и еден натпревар суспензија. Но, тоа не значи дека нема право да игра, туку не добива и плата. Кога ќе го исполни лимитот од 16 технички грешки, потоа суспензија следува по секоја втора техничка грешка. мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан