• вторник, 19 ноември 2024

„Можам, оти жена сум“ - концерт со креации и изведби од жени уметници

„Можам, оти жена сум“ - концерт со креации и изведби од жени уметници
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Во Музејот на македонската борба, со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт со креации и изведби само од жени-уметници, насловен „Можам, оти жена сум“. Основната идеја е да се прикаже умешноста на жената како уметник, наспроти сите нејзини останати животни функции. Од таа причина, направен е избор од светското творештво на жени-композитори, кои оставиле силен печат, а сепак биле во сенка. Ќе има и изведби на дела од две македонска композиторки, Валентина Велковска-Трајановска и Дарија Андовска. На концертот, во интерпретација на актерката Марија Кондовска, ќе се читаат песни од популарната поетеса Ана Бунтеска. Четирирачната изведба на композициите излегува од вообичаената рамка, а со читањето поезија, како дел од уметничкиот перформанс, настанот се доближува до поширока, уметнички зрела и квалитетна публика, а и создава симбиоза помеѓу музиката и литературата.  Концерт гостин на пијанистките Сара Пројковска и Елена Атанасовска-Ивановска, кои се идејни креаторки и организаторки на концертот, ќе биде флејтисктата Жужана Гурина. свс/дма/

Остани поврзан