• понеделник, 16 декември 2024

Модриќ се уште не одлучил дали да го напушти Реал

Модриќ се уште не одлучил дали да го напушти Реал

Мадрид, 12 април 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ (38) не е сигурен дали треба да го напушти тимот и покрај тоа што е незадоволен од минутажата што ја добива, пренесе „Фудбал Шпанија“, повикувајќи се на новинарот Матео Морето.

Според изворот, Модриќ моментално размислува за тежината на улогата кај „кралевите“ доколку остане и следната сезона.

Се нагласува дека за услугите на хрватскиот играч за врска се заинтересирани клубови од Блискиот Исток и американската МЛС лига. Покрај тоа, интерес пројавува и неговиот матичен клуб - Динамо Загреб.

Освојувачот на бронзениот медал на Светското првенство во Катар 2022 година запиша 35 настапи во сите натпреварувања оваа кампања, постигнувајќи два гола и давајќи шест асистенции. Неговиот актуелен договор со „белиот балет“ е до летото 2024.

Според порталот Трансфермаркт неговата пазарна вредност е 8 милиони евра.дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан