• понеделник, 23 декември 2024

Моди му потврди на Бајден дека сака да работи на обнова на мирот и стабилноста во Украина

Моди му потврди на Бајден дека сака да работи на обнова на мирот и стабилноста во Украина

Њу Делхи, 27 август 2024 (МИА) - Индискиот премиер Нарендра Моди синоќа, во текот на телефонскиот разговор со американскиот претседател Џо Бајден, ја потврдил својата посветеност за враќање на мирот во Украина.

„Детално разговаравме за различни регионални и глобални прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Украина. Ја потврдив целосната поддршка на Индија за брзо обновување на мирот и стабилноста“, напиша Моди на платформата X.

Тој додаде дека со американскиот претседател разговарал и за ситуацијата во Бангладеш и „потребата од нормализирање на ситуацијата и заштита на малцинствата, особено Хиндусите“.

Моди на 23 август беше во Киев и разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски. За време на посетата на индискиот премиер беа потпишани четири документи од областа на медицината, земјоделската соработка, хуманитарните односи и културата.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан