• четврток, 26 декември 2024

МНР со осуда за нападот во Газа, повикува на заштита на цивилите

МНР со осуда за нападот во Газа, повикува на заштита на цивилите

Скопје, 1 март 2024 (МИА) - Министерството за надворешни работи (МНР) најостро го осуди нападот во Газа, во кој загинаа голем број луѓе додека чекаа околу камионите за хуманитарна храна.

- Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, стои во соопштението од МНР. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан