• петок, 20 декември 2024

МНР се извини за пропустот со знамињата на средбата Османи - Фајон

МНР се извини за пропустот со знамињата на средбата Османи - Фајон

Скопје, 19 октомври 2022 (МИА) - Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение до медиумите изразува длабоко извинување за, како што се наведува, „ненамерниот пропуст при употребата на малото знаме на тет-а-тет средбата на двајцата министри при посетата на министерката Фајон на земјава, кое беше едно од десетте државни обележја кои беа употребени за време на средбите“.

- Во исто време дозволете да информираме дека состанокот, како всушност и целата посета на министерката Фајон помина во исклучително позитивна и пријателска атмосфера со важни пораки кои беа разменети и на самите состаноци, но и испратени во јавноста.

Иако не може да има оправдување за направениот пропуст, министерката со целосно разбирање ја прими грешката како ненамерна, без никакво влијание врз успешноста на средбите и посетата.

Информираме дека Министерството за надворешни работи дополнително ќе ги зајакне протоколарните проверки со цел во иднина да не се повтори ваква ситуација, се наведува во соопштението од МНР, по реакциите во јавноста дека на средбата Османи - Фајот наместо словенечкото било поставено знамето на Словачка. са/дма/

Остани поврзан