• среда, 27 ноември 2024

МНР: Северна Македонија има конзул во Тотова, САД, засега не е предвидена негова замена

МНР: Северна Македонија има конзул во Тотова, САД, засега не е предвидена негова замена

Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - Министерството за надворешни работи денеска излезе со реакција во врска со објавите за испраќање конзул во Њујорк. 

-Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Тотова, САД, Јордан Панев, се наведува во соопштението на МНР.  Од МНР потенцираат дека Панев е дипломат од кариера, кој е избран согласно сите законски прописи, а во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена. ац/са/

 

Тагови

Остани поврзан