• сабота, 23 ноември 2024

МНР: Нотата за руските дипломати е за активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи

МНР:  Нотата за руските дипломати  е за активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи

Скопје, 16 септември 2023 (МИА) - Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека тројцата дипломати од Руската амбасада во Скопје се прогласени за непожелни во државава  на 12 месецов, поради информации добиени од надлежните органи за преземени активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.

-На 12- ти септември, во Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската Федерација кому му беше врачена дипломатска нота, со која тројца дипломати во Амбасадата на Руската Федерација во Скопје беа прогласени како непожелни во државата (persona non grata). Ваквата одлука е донесена по информациите добиени од надлежните органи за превземени активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, наведе МНР во соопштние. 

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова синоќа во објава на социјалните мрежи наведе дека властите на Северна Македонија, на 12 септември, без објаснување на причините, прогласиле тројца дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“.Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор, дополнувајќи дека нема да остане без одговор.лв/вј/

Остани поврзан