• сабота, 23 ноември 2024

МНР: Засега нема ни еден македонски граѓанин што побарал помош заради пожарите во Грција

МНР: Засега нема ни еден македонски граѓанин што побарал помош заради пожарите во Грција

Скопје, 23 јули 2023

Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, според последните информации од дипломатско - конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација. Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место, но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица.

Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја. 

Министерството за надворешни работи на Грција од денес во 17.00 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи.

За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

 

Министерство за надворешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан