• петок, 05 декември 2025

МНРиНТ: Македонски државјанин роден во Кочани во 1986 година на 2 октомври го загубил животот во Словенија

МНРиНТ: Македонски државјанин роден во Кочани во 1986 година на 2 октомври го загубил животот во Словенија

Скопје, 6 октомври 2025 (МИА) - До Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено известување дека во текот на ноќта на 2 октомври 2025 година, животот го загубил македонски државјанин, роден во 1986 година во Кочани. Согласно информациите од словенечката полиција, блиските на починатиот се веќе известени, а случајот го разгледува Секторот за криминалистичка полиција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

-Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во контакт со семејството на починатиот и со надлежните словенечки институции, со цел обезбедување на потребната конзуларна поддршка и следење на понатамошниот тек на постапката, соопшти МНРиНТ. вј/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан