• среда, 26 февруари 2025

МНД-Битола го промовира новото издание на списанието „Современи дијалози“

МНД-Битола го промовира новото издание на списанието „Современи дијалози“

Битола, 24 август 2023 (МИА) - Македонско научно друштво-Битола го промовира новото издание на „Современи дијалози“, списание за култура, литература, драмска уметност, филм и издаваштво.

„Современи дијалози“ ја промовира и развива книжевноста во национални и во светски рамки со објавување на значајни македонски писатели, поети и научници, но и на реномирани странски автори преведени или препеани на македонски јазик.

-Најновиот број 12, содржи прилози од вкупно 67 автори од кои 59 книжевници и 8 ликовни уметници од земјата и од странство, односно од Либан, Бразил, САД, Словачка, Португалија, Германија, Шпанија, Полска, Хондурас, Индија, Австрија, Алжир, Словачка, Албанија, Италија, Перу, Хрватска, Аргентина, Данска, Тунис, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Гватемала, Саудиска Арабија, Украина, Србија и Северна Македонија. Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со слика од проф. д-р Бурхан Ахмети. Главен уредник на списанието е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, а во редакцијата се и Весна Мундишевска-Велјановска, проф. д-р Силвана Нешковска, доц. д-р Анита Ангеловска со помош на меѓународниот уредувачки одбор, информираа од МНД-Битола.

Списанието „Современи дијалози“ е финансирано од Министерството за култура и е достапно на https://mnd-bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/, односно веб-страницата на МНД-Битола. мт/мд/

Фото: МНД-Битола

Остани поврзан