• среда, 26 февруари 2025

МНД-Битола го одбележа меѓународниот ден на поезијата

МНД-Битола го одбележа меѓународниот ден на поезијата

Битола, 22 март 2023 (МИА) - Со промоција на јубилејните изданија на списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ во издаваштво на Македонско научно друштво-Битола, МНД-Битола го одбележа меѓународниот ден на поезијата.

Првиот број на списанието „Современи дијалози“ е отпечатен во 2013 година и е со континуирана поддршка од Министерството за култура.

-Списанието е препознатливо во земјата и во странство, истакна потпретседателот на МНД-Битола, м-р Николче Трајчески, а промоторката и главната уредничка на списанието, проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, потсети дека првиот број на списанието излезе во 2013 и од тогаш па до сега бележи забележителен развој и во поглед на бројот на застапени автори од земјата и во бројот на страници и во бројот и видот на рубриките и во ликовните решенија и во отворањето на списанието кон светот преку застапување на значајни и реномирани странски автори во превод на македонски јазик.

Списанието „Современи дијалози“ го уредува редакција составена од четворица членови на МНД-Битола, односно ред. проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, главен уредник и Весна Мундишевска-Велјановска, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска и Елизабета Јончиќ како уредници, но и меѓународен уредувачки одбор од книжевници и/или универзитетски професори од Саудиска Арабија, САД, Кина, Велика Британија, Словачка, Босна и Херцеговина, Русија и Србија.

Списанието „Современи дијалози“ покрај во печатена форма, е достапно и на вебстраницата на МНД-Битола, вклучувајќи ги и јубилејните броеви чии извадоци, а по повод меѓународниот ден на поеизијата рецитираа студентките од Педагошки факултет-Битола, Јасна Талевска, Ивона Вурмеска, Димитра Десановска и Ивана Петровска. мт/сст/

Фото: МНД-Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан