• вторник, 24 декември 2024

Младите кошаркари убедливи против комбинирана селекција на САД

Младите кошаркари убедливи против комбинирана селекција на САД

Скопје, 4 јули 2024 (МИА) - Младинската кошаркарска селекција на Македонија одигра уште еден контролен натпревар за време на подготовките и стигна до нов триумф, овој пат со 97:62 против комбинирана селекција од САД која настапи под името „Just right“.

Во СРЦ „Кале“ избраниците на селекторот Боро Смилковски имаа проблеми само во првата четвртина во која се „привикнуваа“ на сосема непознатиот противник, но на крајот заминаа на пауза со предност од 24:23.

Следуваше втората, и најдобро одиграна четвртина на нашата селекција „Под 20“ години во која направија серија од 26:8, за висока позитива на полувремето (50:31).

Без особени промени во играта се одвиваа настаните и во второто полувреме. Македонија продолжи да доминира, како одминуваа минутите, така растеше и позитивата за селекцијата. На истекот на третиот период, нашиот младински состав поведе со 71;45.

Не се задоволија со тоа нашите млади кошаркари кои „притисснаа“ и во последните десет минути за уште поубедливи на крајот 97:62.  

Капитенот Симиќ реализираше 18.поени, Бојчев и Кечовски имаа по 13, Бошалески и Димитриевски по 12, а Стојаноски даде десет со девет скока.

Двата тима ќе одиграат уште една пријателска средба, која е предвидена за 6.јули (сабота), од 17.часот, исто така во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан