• среда, 25 декември 2024

Младински екипи од Делчево и Берово на пријателски фудбалски турнир во Банско

Младински екипи од Делчево и Берово на пријателски фудбалски турнир во Банско
Берово, 6 јули 2022 (МИА) - Младинските тимови на фудбалските клубови Малеш од Берово и Брегалница од Делчево учествуваат на турнир во Банско, Република Бугарија. - На пријателскиот фудбалски турнир учествуваат 100 млади луѓе, 50 од Бугарија и 50 од Република Северна Македонија на возраст од 12 до 14 години, информираше Новица Печински, претседател на ОФК Малеш. На сите учесници како што додаде им се покриени трошоците за превоз , сместување и храна. - Им посакуваме одлична игра и многу успех.  Спортот продолжува да обединува и да создава нови пријателства, додава Душко Петровски, тренер на клубот од Делчево. Дводневниот настан се реализира на иницијатива и со финансирање на д-р Милен Врабевски, претседател на Фондацијата „Бугарска памет“. вс/зс/

Остани поврзан