• сабота, 23 ноември 2024

Миљо: Барањето на Мета до Рама за морската граница со Грција праведно

Миљо: Барањето на Мета до Рама за морската граница со Грција праведно
Тирана, 1 септември 2020 (МИА) – Во Албанија не стивнуваат реакциите околу најавата на Грција за проширување на територијалните води во Јонско Море за 12 милји. Откако премиерот Еди Рама уверуваше дека нема никаков таен договор за тоа со грчката страна, шефот на државата, Илир Мета побара официјална информација од него околу тоа што разговарал со грчкиот колега Мицотакис и што владата ќе преземе околу ова прашање. Познатиот историчар, универзитетски професор и поранешен шеф на дипломатијата Паскал Мило, гостувајќи во емисија на Њус 24 оцени дека барањето на Мета е праведно. -Претседателот има право да бара информации. Неговото барање упатено до премиер е праведно а јас верувам дека досега нема конкретни преговарачки активности меѓу двете земји. Може да има телефонски повик, разговор, но нема активности што ќе доведат до потпишување на договорот, рече Миљо. Тој смета дека не треба да се повтори грешката од 2009 година. -Имаме основна Конвенција за меѓународно право, што треба да се спроведе според конкретните услови на нашите две земји. Кога интервенира политиката и брза да постигне резултат на штета на националниот интерес, тогаш ситуацијата се менува. Оваа грешка беше направена еднаш во 2009 година, би било фатално ако се повтори. Албанија мора да го рекомпонира преговарачкиот тим, тоа е од голема важност, смета тој. Миљо не верува дека сегашната влада прави активности што му штетат на националниот интерес, но дури и ако има спор меѓу страните, посочува „постои меѓународна арбитража кога двете влади не се согласуваат. -Ова е инструментот што се користи, посакувам да не стигнеме до таму. Но, ако двете влади не се согласат, тоа може да отиде толку далеку, нагласи Миљо. Во април 2009 година, во Тирана, договорот за поморското разграничување и за обележување на го потпишаа тогашните шефови на дипломатиите на двете земји, Љуљзим Баша и Дора Бакојани, во присуство на премиерите Сали Бериша и Костас Караманлис. Експертите од оваа област тврдеа дека Бериша на Грција „и подарил“ над 200 квадратни километри морска територија, што и припаѓа на Албанија, каде се смета дека има големи наоѓалишта на нафта и гас. Договорот беше поништен следната година, откако Уставниот суд на Албанија го оцени како антиуставен. вт/

Остани поврзан