• сабота, 16 ноември 2024

Мишел по средбата со Рама: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Мишел по средбата со Рама: Иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Тирана, 14 февруари 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел оствари одвоени средби со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Рама на Фејсбук само кусо напиша дека се сретнал објавувајќи фотографии од средбите.

По средбата со премиерот Рама во Брисел, објава имаше Мишел кој напиша дека  разговарале за патот по кој оди Албанија кон ЕУ и за поддршката што ќе ја понуди Советот на Европа.

Тој во својот статус со порака   дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ.

- Со Еди Рама разговаравме за патот на Албанија кон ЕУ и за нашата поддршка на тој пат. Иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Ја поздравив и иницијативата да биде домаќин на регионалниот самит Западен Балкан-Украина во Тирана. ЕУ е благодарна за поддршката на Албанија и регионот за Украина“, пишува Шарл Мишел, јави Еуроњуз Албанија. вт

Фото: Рама ФБ

Остани поврзан