• вторник, 24 декември 2024

Мишел најави дека ќе се разговара за патентите за вакцини на самитот во Порто

Мишел најави дека ќе се разговара за патентите за вакцини на самитот во Порто
Брисел, 6 мај 2021 (МИА) - Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, се огласи преку Твитер за одлуката на САД да поддржи укинување на патентите на интелектуална сопственост за вакцините против Ковид-19 и изјави дека темата е на дневен ред на неформалната лидерска средба на ЕУ во Порто денеска, јави дописничката на МИА од Брисел.
Иницијативата на САД за укинување на патентите за вакцините за да се олесни пристапот на сиромашните и ранливите земји во светот сега чека на јасна позиција од ЕУ.
-ЕУ е целосно посветена кон справување со сите бариери кои спречуваат глобална борба против Ковид-19. Сите земји треба да дозволат извоз и да избегнат дисруптирање на ланците на набавка. Мораме да развиеме глобален продукциски капацитет со финансиска поддршка од ЕУ за партнерите во развој, напиша Мишел на неговиот Твитер налог.
Тој се наоѓа во Порто каде се одржува неформален лидерски состанок на ЕУ посветен на социјалните прашања и истакна дека темата е ставена на дневен ред, но додаде дека ЕУ поддржува „трет пат“.
-ЕУ поддржува трет пат промовиран од Светската трговска организација за тоа како да се достават вакцини до глобалната заедница. Мултилатералната соработка е клучна: Пандемска повелба со СТО би била моќна алатка, напиша Мишел.
До сега од ЕУ сите изјави одеа во прилог на зачувување на патентите и заштита на фармацевтската индустрија. тм/

Остани поврзан