Мицотакис ќе ги информира неговите колеги од ЕУ за зголемените мигрантски бранови од Либија
- Ќе имам можност да ги информирам моите колеги за значителното зголемување на мигрантските бранови од источна Либија и да побарам поддршка од Европската комисија, за да може ова прашање веднаш да се реши, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 26 јуни 2025 (МИА) – Ќе имам можност да ги информирам моите колеги за значителното зголемување на мигрантските бранови од источна Либија и да побарам поддршка од Европската комисија, за да може ова прашање веднаш да се реши, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при пристигнувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис го изрази неговото задоволство за брзата реакција на претседателката на Европската комисија, објасни дека надлежниот европски комесар, заедно со министрите од Италија, Грција и Малта, на почетокот на јули ќе ги посетат источна и западна Либија за, како што рече, на либиските власти да им се пренесе пораката дека „оваа практика повеќе не може да се толерира“.
- Грција веќе ги мобилизираше и своите вооружени сили, така што ќе има мисија за следење на либиските власти, вон територијалните води на Либија, испраќајќи на овој начин јасна порака дека сакаме, бараме да соработуваме со либиските власти, така што овие чамци на криумчарите или да не го напуштат брегот или да се вратат на брегот на Либија пред да ги напуштат нејзините територијални води, порача Мицотакис. ср/рп/
Фото: Кабинет на грчкиот премиер