• сабота, 23 ноември 2024

Мицотакис соопшти проширување на територијалните води во Јонското Море

Мицотакис соопшти проширување на територијалните води во Јонското Море
Атина, 26 август 2020 (МИА) – Од шест на 12 наутички милји, Грција ќе ги прошири територијалните води во Јонското Море, конкретно на запад кон Пелопонез, соопшти денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина Говорејќи во Парламентот за време на расправата за ратификација на договорите на Грција за одредување на ексклузивните економски зони, Мицотакис рече дека Владата ќе достави нацрт-закон за проширување на територијалните води. - Грција расте. И други го кажале тоа, но ние сме тие кои го спроведуваме во пракса. Така, го остваруваме нашето неспорно суверено право во морскиот дел, конкретно во Јонското Море и Јонските Острови до `ртот Тенаро на Пелопонез, согласно со член 3 од Конвенцијата за морското право, рече Мицотакис и додаде дека истото Грција во иднина ќе го стори и во други морски делови. Грчкиот премиер рече дека за конкретната одлука, министерот за надворешни работи на Грција веќе ги информирал неговите колеги од Италија и Албанија, а набргу, Дендиас ќе ја посети Тирана за да разговара со албанската влада за решавање на прашањето за одредување на морските зони, согласно морското право. ср/

Остани поврзан