Мицотакис позитивен на Ковид-19
- Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија до неодамна премиер на Грција Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 2 јуни 2023 (МИА) – Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија до неодамна премиер на Грција Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на Ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.
-Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за Ковид и сум позитивен, вели Мицотакис во видеото.
Објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднина, но и дека ќе продолжи да објавува видеа на Тик ток.ср/