• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски: Утре имаме средба со ЗНАМ за локалните избори

Мицкоски: Утре имаме средба со ЗНАМ за локалните избори

Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Утре ќе имаме првична средба со политичката партија ЗНАМ за да видиме кои се очекувањата, а што се однесува до кандидатите за градоначалници од СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен пораз на следните локални избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коалицирањето со ЗНАМ на локалните избори и коментар за кандидатите на СДСМ за градоначалници.

Нова странска инвестиција вредна над 30 милиони евра на глобалниот лидер во автомобилската индустрија Гентерм, која ќе овозможи нови до 300 вработувања, најави македонскиот премиер Христијан

Додаде дека в недела ќе заседава Извршниот комитет на партијата на кој ќе биде пренесено тоа што се разговарало.

-Продолжуваат и разговорите со политичките партии од внатрешната коалиција, па ќе се отпочнат консултации со политички партии кои сакат да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, така што имаме еден систематизиран пристап на активностите. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ја информираме јавноста околу коалициите кои би се случиле за изборите, посочи премиерот Мицкоски. рт/ац/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан