• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски утре активно ќе се вклучи во настаните на Самитот на Европската политичка заедница

Мицкоски утре активно ќе се вклучи во настаните на Самитот на Европската политичка заедница

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Деновиве сме дел од Самитот на Европската политичка заедница. Тука сме заедно со потпретседателот на Владата, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил.
 
- Во текот на утрешниот ден ќе бидам активно вклучен во настаните коишто ќе се случуваат на Самитот и ќе зборувам за предизвиците коишто следат во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионалното поврзување за балканските држави, напиша премиерот Мицкоски на ФБ.

Домаќин на самитот на Европската политичка заедница е британскиот премиер Кир Стармер, а ќе се одржи во историскиот амбиент на палатата Бленхајм во Оксфордшир, Англија

ЕПЗ е меѓувладин форум за политички и стратешки дискусии за иднината на Европа, основан во 2022 година по руската инвазија на Украина, во кој учествуваат 47 европски држави од кои 27 членки на ЕУ.  цр/вг/

Фото: МИА архива

видео: Фејсбук на премиерот Христијан Мицкоски

Остани поврзан