Мицкоски тврди дека имало обид да биде убиен
- Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.
- Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.
Мицкоски вечерва учествува на протесниот марш што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, од каде продолжија пред Собранието.
На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до вербални дофрлувања меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент. сп/