Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
- Траат преговорите со банките. Сега се префрлени во Министерството за финансии. Ќе има договор. Јас сум оптимист, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со унгарскиот заем.
Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Траат преговорите со банките. Сега се префрлени во Министерството за финансии. Ќе има договор. Јас сум оптимист, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со унгарскиот заем.
За кредити од унгарскиот заем ќе можат да аплицираат сите компании - мали, средни и големи.
Мицкоски не сакаше да ги коментира наводите за уставните измени средбата на бугарскиот претседател Румен Радев и претседателката Гордана Сиљаовска Давкова.
-Подобро одговорот во кабинетите на двајцата претседатели да го побарате, рече Мицкоски. ев/сст/
ФОТО: МИА Архива