• четврток, 26 декември 2024

Мицкоски : Проектите во Кавадарци ја заокружуваат целината на предизборните ветувања 

Мицкоски : Проектите во Кавадарци ја заокружуваат целината на предизборните ветувања 

Кавадарци, 23 мај 2023 (МИА) - Морам да  сумирам дека сите овие проекти коишто се сработени овдека во Кавадарци, кои се отпочнати со работа и коишто треба да се завршат, ја заокружуваат целината на предизборните ветувања, што беа дадени за време на кампањата во 2021 година. Ова го истакна денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со градоначалникот Митко Јанчев, беше во увид на неколку инфраструктурни проекти. 

- Од она што го разговаравме, дури  и предвреме, најголемиот дел од таа програма, ќе биде, ако не целосно, ќе биде реализирана. Така што веќе се размислува за идниот развој на Кавадарци, што идната влада на ВМРО - ДПМНЕ ќе го овозможи, додаде Мицкоски. 

Тој рече дека „сето ова коешто се работи претставува, како што кажа и Митко, лицето како треба еден градоначалник, еден градски татко, заедно со советниците и со општинската администрација, да работат за интересите на градот".  

- Но, не помалку важно е значењето и на пратеникот којшто доаѓа од Општина Кавадарци, којшто можам да кажам дека секојдневно се бори во рамките на македонскиот парламент, да обезбеди повеќе финансии, коишто би можело од страна на централниот буџет да дојдат до локалниот буџет, во Општина Кавадарци. За жал, имаме Влада, таква кава што имаме. Онаму каде што се градоначалниците од редовите на ВМРО - ДПМНЕ како што е тука во Кавадарци, тие гледаат повеќе да им одмогнат, отколку да им помогнат. Како да станува збор за туѓи некои жители, како да станува збор за туѓи општини, а не општини во РМ, чија што Влада треба да ги поддржува и чија што Влада треба да се грижи за секој еден жител во Македонија, но за жал оваа Влада предводена од ДУИ и СДСМ тоа не го прави, подвлече Мицкоски. 

Запрашан да ја коментира работата на градоначалниците од оваа партија, тој рече дека е исклучително задоволен. 

- Еден нов пристап, една  генерација на политичари коишто работат храбро, мотивирано, чесно тоа е многу важно. Повеќе од година и половна помина, гледате нема ниту едно сомневање за било какво коруптивен скандал, иако станува збор за мнозинството општини. Или пак ако гледаме по број на жители, во тие општини,  се 80 проценти од вкупниот број на жители во Македонија. Тоа се генерално најголемите општини. Нема ниту еден скандал или основано сомневање за корупција, што самото по себе кажува дека на овој начин храбро, посветено, чесно, одговорно ќе работи ВМРО - ДПМНЕ, како идна влада во Македонија. Можам да кажам дека пример исто така во овој дел од нашата држава, за таков тип на работење, е, градоначалникот Митко Јанчев. Храбро посветено, чесно и нема како резултатите да не се видат. Нив ги гледаат квадарчани секојдневно, одговори Мицкоски.

Јанчев појасни дека меѓу другото, денеска беше посетена и, како што додаде, една од поклучните инвестиции за оваа година,  улицата „Лазо Асијата“. 

- Како улица е многу позната на ова месно население, повеќе од 30 години чекаат и очекуваа пробивање на самата улица и пуштање во функција, затоа што поголем дел од жителите тука немаа сопствени  прилази, немаа асфалт или улици за пристапување до сопствените домови, информираше градоначалникот. 

Јанчев соопшти дека со пробивањето на оваа улица што е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци, ќе се овозможи и за постоечките жители да добијат соодветен пристап, меѓутоа и за дооформување на улиците. Тој додаде дека  повеќе  парцели се за индивидуално домување, за да може градот на оваа источна страна да се шири, со алтернатива за кружно движење. Јанчев соопшти  дека тука се пристапи кон комплетно пробивање. По пробивањето следеле атмосферска канализација, канализацина и водоводна мрежа, со соодветни  приклучоци за идните инвестиции. Потоа се оформиле тротоари од двете страни и улично осветлување и асфалтна маса од два слоја.  

- Овие предизборни ветувања што ги имавме во програмата на ВМРО ДПМНЕ, заедно јас како градоначалник и како советници од ВМРО ДПМНЕ, голем дел од капиталните инвестиции, некаде 80 проценти веќе се остварени. Се што е почнато е остварено, буџетски е решено. Секоја општина предводена од ВМРО ДПМНЕ и градоначалник, како што доликува, мислам дека граѓаните ќе го видат својот бенефит и во делот на искористувањето на средствата во правилна форма за интерес на граѓаните. Сме работеле така, така и ќе продолжиме, рече Јанчев. свд/аа/


Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан